6. јули 2007. - Тоше Проески продаде повеќе од 20.000 цедеа со песната Волим осмjех твој за само еден месец, во рамките на хрватската кампања за поттикнување на децата редовно да ги мијат забите и да ја одржуваат оралната хигиена. Хрватските медиуми кампањата, почната уште од април, ја оценуваат како повеќе од успешна.Парите од продажбата на цедето, кое се продаваше по цена од 9,9 куни, ќе бидат употребени обезбедување средства за стоматолозите од сто градинки во Хрватска со кои ќе треба да ги едуцираат најмладите за важноста на оралното здравје.
Освен Тоше, дел од проектот беше и Антонија Шола, која го напиша текстот за пенсата. Пред неколку недели на островот Хвар, за време на одржувањето на Радискиот фестивал, на Тоше и на Антонија, како и на раководителката на проектот им беа врачени платинести плочи и признанија за успешната кампања.